Адреса:Ул. Кеј Македонија бб,Охрид Македонија |
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото.
Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.
Хотелот располага со капацитет од вкупно 69 соби од кои: 45 стандардни соби, 10 дуплекси, 6 делукс соби и 8 Јуниор aпартмани.
Секоја соба е опремена со:
•клима уред
•мини бар
•безжичен интернет
•дирекна телефонска линија
•кабелска телевизија
•купатило со туш кабина или када
Спа и Велнес
•Финска сауна
•Турска парна бања (Амам)
•Теретана
•Масажа
{mosmap width='800'|height='500'|lat='41.106212'|lon='20.808084'|zoom='13'|mapType='Normal'|text=' МилениумПалас'|tooltip='МилениумПалас '|marker='1'|align='center' }