![]() |
Адреса: Букурешка бр.3, Скопје, Македонија |
Друштвото за услуги ГИВЕКО, Скопје, основано е во 1990 година, на еден многу убав ден 19-ти декември, со основни дејности сметководствени и консултантски услуги.
Првата регистрација е извршена во Основниот Суд за регистрација во Скопје, а подоцна согласно изменетите Законски прописи воведено е во регистерот при Централниот Регистер на Република Македонија.
Матичен број на друштвото е 4193113. Даночен број на друштвото е 4030990119768, и истото е регистрирано во Управата за јавни приходи за целите на Законот за данок на додадена вредност, со додавање на префиксот МК пред наведениот даночен број.
Друштвото е депонент и има свои денарска и девизна сметка во Комерцијална банка, АД, Скопје. Бројот на денарската сметка е 300000000090731.
Седиштето на друштвото е улица Букурешка, број 3, населба Тафталиџе, општина Карпош, град Скопје, Република Македонија.
Друштвото има Лиценца за вршење на сметководствени работи број 710182 и е заведено на ден 23.06.2017 година под реден број 173 во регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи при Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
Во друштвото се вработени 4 овластени сметководители со регистарски броеви 0100501, 0103536, 0103537 и 0106854 заведени во регистарот на овластени сметководители при Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.