![]() |
Андреј Компани
|
АНДРЕЈ КОМПАНИ од Штип е компанија које е формирана уште 1998 година. Почетоците ни беа скромни, почнавме во продавница од 18 м2, но целиот овој период имаме тренд на постојано растење, што пред се, се должи на јасната визија на менаџментот за местото што АНДРЕЈ КОМПАНИ треба да гоима на пазарот и инсистирањето на потрошувачите да им се понудат квалитетни производи, со идеален соодност меѓу квалитетот и цената.
Динамиката на растот на компанијата беше задоволителна, така што денес располагаме со продажен центар поголем од 300 м2 во строгиот центар на градот Штип и магацински простор поголем од 2000 м2, целосно опремен за големо продажба. Компанијата АНДРЕЈ КОМПАНИ нуди голем и разновиден избор на детски играчки и бебешка опрема, со повеќе од 5.000 видови производи, број што секојдневно се надополнува... Особено сме задоволни од застапството на брендот CHIPOLINO за бебешка опрема, кој на македонскиот пазар го носиме повеќе од седум години. Исто така, застапници сме и за четири брендови кои бележат експанзија во однос на квалитетот и асортиманот на производите што ги нудат на пазарот, а тое се PILSAN, DEDE, BILDO и DOLU.
{mosmap width='800'|height='500'|lat='41.738135'|lon='22.193872'|zoom='13'|mapType='Normal'|text=' АндрејКомпани'|tooltip='АндрејКомпани '|marker='1'|align='center' }