![]() |
Адреса: ул.852 бр.58, Скопје (Комплекс на фабрики Гоце Делчев), Македонија |
“Сандвикс” е долгогодишна компанија основана во Скопје во далечната 1994та година. Со нашата 25 годишна традиција на перфектно доставени производи и задоволни купувачи, преставуваме лидери во локалното производство и продажба на секаков вид картонска амбалажа и кутии. Нашата компанија Ви нуди комплетна услуга во изработка на картонската амбалажа која ви е потребна, обработка на соодветен дизајн како и флексибилност во менувањето на вашите веќе постоечки дизајни со цел нивно приспособување на вашите желби и потреби. Нудиме врвен квалитет ,а наша највисока цел е стекнување доверба кај купувачите со цел градење на долгогодишни односи.
Располагаме со соодветна технологија, стручен персонал и искусни членови на високиот менаџмент кои во секое време се подготвени да одговорат на вашите барања.
Верувајте им на традицијата и на домаќинското работење , и посетете не во комплексот фабрики “Гоце Делчев” во Скопје.
Производи:
- Картонска амбалажа
- Груба картонска амбалажа за пакување на производи од тврди материјали како железо
- Кутии за прехрамбена индустрија (торти, колачи, ролати, пица, бургери, помфрит, како и за пакување на готови производи како чипс, конзерви и слично.)
- Кутии за обувки (секакви форми и димензии)
- Подметачи (торти, пици, ролати и др.)
- Картонски сталажи
- Картонски папки и архивски кутии
- Хенгери
- Корнери
- Транспортни кутии
- Каширана амбалажа
- Хартиени кеси
- Постери и омоти
- Репрезентативни кутии
- Се што спаѓа во доменот на картонско пакување.
*Дизајнот на кутиите се прилагодува на потребите на купувачите. Тука спаѓа и изборот на:
- Материјали,
- Бои и дизајн на лого, фотографии и слично,
- Пластификат, доколку имате потреба.