![]() |
Адреса: Ул. Енгелсова бр. 23-16 |
Компанијата ЛАКИ ГРИЦ се занимава со производство на солени грисини
- ЛАКИ ГРИЦ со вкус на ким
- ЛАКИ ГРИЦ со вкус на кикиритки
- ЛАКИ ГРИЦ со вкус на сусам
- ЛАКИ ГРИЦ со вкус на пица
ЛАКИ ГРИЦ
Компанијата ЛАКИ ГРИЦ произведува солени грисини под брендот ЛАКИ ГРИЦ. Грисините се веќе познати на македонскиот и на пазарите во соседните земји. Се изработуваат од најквалитетно брашно Тип 500, со три различни вкуса - ким, кикиритка и сусам. Пакувани се во ПВЦ дуплекс фолија, со препознатлив дизајн, за количина од 150 грама со виолетова боја и за количина од 60 грама во зелена боја. Покрај овие две пакувања имаме и рефус пакување од 3 килограми, исто така со трите вкуса.
КВАЛИТЕТЕН ПРОИЗВОД
Компанијата ЛАКИ ГРИЦ постои од 2006 година. Солените грисини ги дистрибуираме на цела територија на Македонија, како и на пазарите во Албанија, Косово, Романија, Италија и Бугарија, што е најдобра потврда за високиот квалитет на нашиот производ.
ПРОИЗВОДСТВО
Грисините ЛАКИ ГРИЦ се произведуваат од специјално селектирани суровини, со современа технологија и максимална примена на процедурите за безбеднос на храната. Во моментов сме ангажирани да воведеме производство на грисини со уште неколку нови вкусови, што ќе ја зголеми нашата понуда, а ќе им дадеме и поголема можност за избор на нашите потрошувачи.