|
Адреса: Боре Хаџиески-Путе Бе.69 |
Почетоците на музејската дејност во Струга, Македонија нераздено се поврзани со личноста и името на д-р Никола Незлобински и Музејот во Струга. Пред речиси 90 години, во далечната 1928 година, овој одважен Рус, емиграт, кого судбината и животот го носат далеку од родната земја, во Македнија и Струга, во една од бараките на својот маларичен диспанзер, ги отвора вратите на првата музејска збирка со што ги поставува основите на идниот Природнонаучен музеј во Струга и воопшто на музеологијата во Македонија.Во 1938 година оваа збирка прераснува во постојана музејска поставка изложена и презентирана во нова зграда во која и денеска се наоѓа. Беспрекорната по својата концепција и изложените експонати, во најголем дел собрани, препарирани и изложени од самиот Незлобински, збирката со годините не изгубила од својата автентичност и ооригиналноста, напротив, збирката се повеќе добива превез на историска и документарна вредност за едно време, една поинаква Струга и еден сосема друг еко систем кој засекогаш исчезнал. Денес, 88 години подоцна, Музејот во Струга претставува современа институција во чии рамки, освен биолошкиот оддел кој се грижи за природонаучната збирка, делува и археолошкото, етнолошкото, историкото и ликовното одделение со Галеријата на Вангел Коџоман.
Во рамки на музејот се: најстарата природонаучна поставка во Македонија, Спомен домот на Браќа Миладиновци и галеријата Вангел Коџоман.
Музејот е еден од најстарите во југоисточна Европа. Препознатлив е по својата природно-научна поставка која е единствена по својата содржина. Музејот е создаден пред речиси еден век со многу љубов и посветеност.
Музејот е уникатен презентер на природното и културно наследство за регионот на Охридското Езеро – светско наследство од листата на УНЕСКО.