log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

КАРНЕМ ДОО


 karnem

Адреса:  с. Зубовце
Општина Врапчиште, Македонија
Телефон: +389 42 221 395
Е-маил: infokarnem@gmail.com
веб: www.karnem.mk

      ОПИС                

Нашата компанија е основана во ноември, 2000 година од страна на сопружниците Златана и Михајло Михајлоски. Почетоците се скромни, се’ започнало од едно мало погонче за производство на сувомеснати производи. На 3-ти септември 2009 година започната е изградбата на новиот производствен капацитет на Карнем во с. Зубовце, кој на 2-ри јули 2012 година пуштен е во функција во модерни и современи услови. Се наоѓа во чиста и еколошка средина, под падините на Шар Планина. Нашата палета на производи опфаќа трајни, полутрајни и свежи производи од месо.
Политика за квалитет:
Политиката за квалитет на месната индустрија Карнем ДОО, произлегува од стратешки зацртаната определба за производство на квалитетни производи како најисправен начин да се наметне како лидер на домашниот и регионалните пазари. Оваа цел МИТ Карнем ја остварува со континуирано спроведување и постојано подобрување на QMS (систем за управување со квалитет), кој е во согласност со барањата на стандардот ISO 9001-2008, што опфаќа:
Утврдување и управување со процесите кои придонесуваат за задоволување на желбите и потребите на потрошувачите, преку производство на квалитетни производи испорачани во договорени рокови;
Постојана модернизација на опремата, информационите системи и обука на вработените согласно нивната компетентност и знаење;
Остварување на лидерска улога на раководството преку дефинирање на системот за квалитет, обезбедување на ресурсите и креирање на амбиент кој ги поттикнува сите вработени да ги остваруваат зацртаните цели;
Активно учество на вработените во развојот, планирањето, спроведувањето и вреднувањето на сите активности во деловниот процес;
Постојано подобрување на квалитетот на производите преку подобрување на сите фази во работењето: набавка, производство и дистрибуција
Развивање на партнерски односи со добавувачите и
Работење во согласност со позитивните законски прописи, со посебен акцентна безбедноста и здравјето на крајните потрошувачи.
Секој вработен во МИТ Карнем мора да биде запознаен со политиката за квалитет, да ја разбере, прифати и почитува како трајно начело во своето работење.

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА