|
Адреса: ул. ” Лондонска ” бр 19 ТЦ Олимпико Лок.34 Скопје, Македонија Телефон: +389 78 212 727 Е-маил: nimaer06@gmail.com Работно време: 08:00 – 16:00 веб www.nimaer.com.mk |
ЗА НАС
Успехот е проекција на добрата идеја…
Нимаер е компанија посветена на изработка на комплетни инженеринг решенија повеќе од 15 години. Нашата компанија достигна стабилност и просперитет низ 19-те години во кои строго ги следеше своите Принципи и Цели. За тој период развивме различни инженеринг вештини и искуства од областа на АИГ (Архитектура, Инженеринг, Градежништво), нудејќи им на Клиентите комплетни инженеринг услуги. Комбинацијата од искусни архитекти и млади архитекти, професионалноста и креативноста, нуди можност секој проект да добие функционално решение со уникатен и современ изглед. Со нашиот тим изработуваме проектна документација (проекти), студии, елаборати, анализи, експертизи и друга документација која е во согласност со стандардите, нормативите и прописите за проектирање и архитектонско обликување на градбите.
…Бидејќи ние ја гледаме комплетната слика.
УСЛУГИ
Урбанизам
Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.
Проектирање
Објектите кои ние ги проектираме се одликуваат со естетика и со функционалност. Секој детаљ се зема предвид, без оглед за која фаза се работи . Во понудите имаме и проектирање и архитектонски решенија, како и дизајнерско изработување на цртежи и рендери, по проект, со совети за одбирање на материјали и бои, распоред на мебел и останато.
Ревизија и надзор
Ревизија на проектната документација е контрола на проектот со која се докажува дека објектот исполнува барања во согласност со закон за градба и дека објектот ќе биде примерно обликуван, функционален и неговата употреба ефикасна и економична. Градежниот надзор подразбира стручно надзорство на градилиштето, со која надзорниот инженер е во целосна контрола дали изградбата се спроведува во склад со проектната документација врз основа на која е добиена градежната дозвола.