![]() |
Адреса:Ул.4-ти Јули бр.20 Неготино |
Нашиот професионален тим е посветен да овозможи достоинствена старост на нашите корисници, се труди да внесе радост во нивниот живот и придонесува да бидат среќни и задоволни од животот што го поминуваат во нашата установа.
Дом за нега на стари лица Жана Неготино е еден од првите приватни домови за стари лица во Македонија кој нуди професионална грижа и врвна нега на старите лица.
Во оваа установа златните години од својот живот ги поминуваат многу лица од разни краеви од државата. Нашиот тим на професионалци е присутен 24 часа во текот на сите денови во годината, да им овозможи престојот да им биде исполнет и долготраен а, корисниците да бидат задоволни.
РЕСПЕКТ, НАКЛОНЕТОСТ, ДОСТОИНСТВЕНА СТАРОСТ И ДОВЕРБА!
Ова се зборови кон кои НИЕ се ориентираме.
Корисникот на услуги-ЧОВЕКОТ стои во центарот на нашето внимание.
Настојуваме секојдневно, за секоја ИНДИВИДУA, да креираме план согласно нивните потреби и истиот се стремиме да го реализираме во пријатна и топла атмосфера.
Снежана Илова, сопственик Дом за нега на стари лица Жана Неготино.