![]() |
Адреса:Ул.Рафаел Батино бр.29, Хром, 1000 Скопје |
ПУСЗ Ваш нов дом е лиценцирана установо која покрај сместување пружа и нега и грижа за стари и инзнемоштени лица.
Домот успешно фунционира од 2009 година и е со мал капацитет за сместување од 14 лица. Тоа им овозможува на корисниците на услугите една семејна атмосфера, како и подобра и поквалитетна состојба. Лоциран е во населба Хром, на ул.Рафаел Батино бр.29 и се простира на површина од 1000 м2 и истиот се состои од соби за сместување на корисници, просторија за дневен престој, кујна, тераси и лифт со чија помош неподвижните и потешкоподвижните корисници без проблем можат да слезат и да уживаат во убаво уредениот и широко простран двор. Овој дом го нуди токму она што старите лица го посакуваат, простор за движење и природна средина,а покрај самиот двор тече реката Вардар, што е прекрасен спој на урбана и еколошки чиста природна средина, вистинска убавина и уживање за корисниците кои своите дневни проекти ги прават по течението на реката Вардар.Истата околина ги поттикнува корисниците голем дел од времето да минуваат во дворот, кој е опремен со клупи и маси, и да уживаат во жуборот на фонтаната и прекрасната глетка од зеленило и цвеќиња додека ги играат своите омилени друштвени игри.
ПСУЗ Ваш нов дом е установа која настојува да им обезбеди квалитетен живот на своите корисници, а тоа го обезбедува преку:
-24 часа основна нега и грижа за своите корисници обезбедена од страна на стучен тим составен од: негувателки, медицинска сестра, доктор по потреба и социјален работник, кој пак овозможува вклучување на корисниците во друштвени игри и социјални активности во рамките на нивните можности.
-Високо квалитетна храна која се состои од пет оброка, и тоа 3 главни и две ужинки. Грижата за здравата исхрана зазема важно место. Салатите, овошјето и компотите се неминовен дел од исхраната на нашите корисници.
-Хигиената во домот е подеднакво важна, како и негата и грижата за самите корисници, а за тоа можат да посведочат и сите оние кои го посетиле нашиот дом.
Да ги згрижиме и заштитиме нашите постари родители. Да им го пружиме она што им е потребно, но, и она што тие го заслужуваат: топол дом, нега, внимание... Средина во која нивната старост ќе претставува пријатно доживување, кое ќе го споделат со нивните врсници.
ПСУЗ Ваш нов дом.