Адреса: ул.4-ти Јули бр.54 |
Во склоп на нашата компанија функционираат следните продажни места.
1. Унимак Дисконт - ул-.Борис Кидрич б.б.
2. Унимак Маркет 2 -Маршал Тито б.б.
3. Унимак Маркет 3 -11 Септември б.б.
4. Унимак Маркет 4 -Булевар Ослободување бр.41 (под кулата)
5. Унимак Маркет 5 -Булевар Ослободување б.б. (до бензиската на Окта)
6. Унимак Магацин на големо - Индустриска зона на жел.станица
7. MAXI Mаркет - Mагистрален Пат бр.12б-1
ИСТОРИЈАТ
Унимак 95 дооел е приватно трговско претпријатие основано во 1995 година.Започнува со трговија во малопродажната мрежа,на почеток со еден маркет за подоцна да се просири со уште неколку малопродажни објекти. Од 1999 година започнува трговија на големо со сувомеснати производи како и алкохолни пијалоци, за подоцна да развие своја локална дистрибутивна мрежа со сопствен возен парк и комерцијалисти што и која и ден денес функционира.
ДЕНЕС
Унимак 95 денес вработува преку 30 кадри за различните дејности што ги обавува.Има во моментот 4 маркети, 1 Liquor Store со канцелариски простор, магацински простор од 740м2 и возен парк од товарни и комерцијални возила. Локален дистрибутер е на Прилепска Пиварница како како издвоен сегмент во дистрибуцијата. Покрај тоа е единствен локален дистрибутер на многу дистрибутерски куќи за алкохолни пијалоци како Бадел, Гемак, АВТ, Саманта, ХМ Спирит и други. Застапник е и на неколку винарии како Стоби, Бовин и др.Исто така е дистрибутер за многу безалкохолни пијалоци и напитоци како цедевита,ред бул,браво-раух нескафе и многу други.Освен по тоа што е познат по својата техничка спремност и инфраструктура за дистрибуција како и љубезност и спремност на персоналот во маркетите,Унимак 95 се смета за една од ретките фирми што негува долготрајна комуникациска врска и континуирано и навремено снабдување на нашите коминтенти долг временски период.Во текот на изминатите години Унимак 95 покажа и високо ниво на општествена свест и свесност за помош и развој на заедницата преку својот придонес во развојот на бизнисот,културата и спортот.
ВИЗИЈА
Во фокусот моментално е отворање на еден голем супер маркет со што би заокружиле еден голем и долгогодишен процес на развој со кој би се отвориле нови работни места а исто така е во план и надоградба на дистрибуцијата со проширување и излагање од локални рамки.
МЕНАЏМЕНТ
Управител- Саша Милошески