log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

ТМ Доо Штип

тим доо лого
 

Адреса: Брегалничка бр.54
Штип, Македонија
Терлефон:+389 32 385 149;  +389 70 210 820
Е-маил:
tm_doo@yahoo.com
info@tmstip.mk
web    

      ОПИС                

ДПУТ ТМ ДОО Штип е основана во 2003 година. Основната дејност на претпријатието е изведба, надзор и монтажа на електроенергетска опрема и објекти од низок и среден напон. Претпријатието има хала за монтажа на производите, работилница за одржување, магацински простор и одделение за контрола (испитна станица), со вкупни 700м2. Во компанијата работат 25 вработени, од кои 6 се дипломирани електро инжинери, а 19 се електромонтери, електроинсталатери, управувачи на машини, магационери итн...

Во изминатите години Т&М се специјализира за изработка на идејни решенија, проекти, изведба и монтажа на:
Електрични инсталации на станбени, деловни и индустриски објекти, на трафостаници, на 10 и 35 kV далекуводи, НН мрежи и на разводни постројки.
Испитување на исправноста на електрични инсталации, громобрански инсталации, осветленост на работни површини и заштитно заземјување, диалектрична пробојност на трансформаторско масло.
Лоцирање на траси и дефекти на НН и ВН кабли и нивно санирање.
Напонско испитување на кабли.
Одржување и изведба на улично осветлување.
Филтрирање на трансформаторско масло.

Т&М е флексибилна компанија која ги следи барањата на клиентите, применувајќи ги најновите технолошки достигнувања, техничката регулатива и стандарди. Располага со:

    • Лиценца А за изведување на градби од прва категорија - Лиценца Ц за изведба на градби од трета категорија

    • Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија.

Производите на Т&М постојано се контролираат од специјално организирана единица која работи во рамките на Т&М, која има соодветна опрема, простор и обучен кадар за тестирање и контрола, во согласност со прописите, националните и меѓународните стандарди и барањата на ISO/IEC 17020 стандардот

Во 2012 година Т&М доби сертификати од TUV - Австрија за воведен систем за управување со квалитетот според стандардот ISO 9001:2008, како и сертификат за воведен систем за управување со квалитетот според стандардот ISO 14001:2004. ТМ има, планирани развојни проекти, поточно е во фаза на имплементација на системот за управување со енергија, согласно со мегународниот стандард "ISO 50001:2011" , како и стандардот за управување со Безбедност и Здравје "OHSAS 18001:2007"

Основната цел е сите овие стандарди да се интегрираат во еден управувачки систем " Integrated Managment System" (ISO 9001:2008; 14001:2004; 50001:2011 и OHSAS 18001:2007)

    ГАЛЕРИЈА           

 

ТМ Доо Штип

     МАПА