![]() |
Адреса: ул.Благоја Стефковски бр.19/3-6, Скопје, Македонија |
ПИК ИГОР ДООЕЛ СКОПЈЕ е формирана во 1999 година како компанија за одржување и сервисирање на индустриска климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење компанијата континуирано го зголемува бројот на реномирани клиентии компании на територијата на Р. Македонија. Компанијата е препознатлива компанија во областа на своето работење која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Компанијата води сметка за потребите на своите клиенти и за нивните потреби се со цел непречено функцинирање. Тимот на компанијата ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светските производители на чилери (chiller), вентилаторски конвектори, клима комори, клима уреди, топлински геотермални пумпи, компресори за индустриско ладење, кондензатори итн.
Во текот на своето постоење го проширува делокругот на своето работење и започнува со увоз, продажба, монтажа и сервис на индустриски дизел генератори во Р. Македонија.
Вршиме дистрибуција, монтажа и сервис на индустриски дизел агрегати со моќкности од 16 до 2290kVA .Погонските мотори се од познатите брендови: Mitsubishi, Scania, Deutz, Man, Iveco, Volvo, Cummins, Allis, Maxx Force-Navistar и други. Алтернаторите се од брендовите: Euroenergy, Sincro, Stamford, Linz. Вршиме достава на генераторите до објектите на нашите клиенти со наше товарно возило и истовар со кран на предвиденото место, како и монтажа од наша сервисна екипа. Сите агрегати се со звучна изолација, автоматски режим и/или мануелен режим на работа и ги поседуваат/исполнувааат сите ISO стандарди и CE Сертификатот.