log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

СУ „Киро Бурназ“ - Куманово


kiro burnaz 

Адреса: С.ДОЛНО КОЈНАРЕ
Телефон:  +389 31 412 224
Е-маил: ssoukiroburnaz@yahoo.com

      ОПИС                

Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” е образовна институција со голема традиција чии почетоци датираат од 1942 година. Училиштето започнува со работа како Државно ниже земјоделско училиште, а во 1947 година се трансформира во Специјално земјоделско училиште, брои 130 ученици и се преселува во нова зграда во која и денеска е лоцирано. Од 1952 година училиштето го носи името на својот патрон, првоборецот Бурназовски Тодоров Киро – Бурназ. Во истата година во склоп на училиштето започнува да функционира Интернат за сместување на ученици и машинска работилница. Стопанството располагало со 80 хектари површина. Во 1960 година е формиран Земјоделски школски центар „Киро Бурназ“, а од 1973 година, училиштето работи под назив Основна организација на здружен труд – Земјоделско училиште „Киро Бурназ“. Во 80-тите и 90-тите години од минатиот век се задржува називот Земјоделско училиште „Киро Бурназ“, додека во првите 20-тина години од новиот милениум училиштето функционира како Средно стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ со настава која се изведува на македонски и албански јазик.

Од 1 јануари 2021 година, училиштето се трансформира во Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука за Североисточниот регион што води до извонредност во секторите Хемија и технологија и Земјоделството, рибарството и ветеринарство. Согласно концептот за развој на регионални центри за стручно образование и обука во Република Северна Македонија, дејноста на центарот е проширена и опфаќа формално и неформално образование, образование на возрасни и валидација на неформално и информално учење. Трансформацијата е реализирана на иницијатива на Министерството за образование и наука. а поддржана од Делегацијата на Европската Унија, при што е извршена целосна реконструкција на училишните капацитети и ученичкиот дом и набавена најсовремена опрема за реализација на наставата.
Целта е да се воспостави самоодржлив концепт на стручно образование и обука фокусиран на иднината кој ќе биде интегриран во националниот образовен систем, но и во регионалниот и европскиот систем на стручно образование и обука, со јасни механизми за обезбедување резултати во образованието и професионалното учење.

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА