|
Адреса:Благоја Стефковски 45 1000 Скопје Телефон: +389 02 2529744 Е-маил: ducorpartenijazografski@yahoo.com |
Државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје е училиште за средно стручно образование на ученици со оштетен слух. Основна дејност на центарот е: образование, воспитување, рехабилитација, професионално и работно оспособување на ученици со оштетен слух од РМакедонија. Центарот постои и врши образование и професионално оспособување повеќе од педесет години. Низ центарот поминале многу генерации на ученици и денес некои од нив се врвни мајстори на својот занает.
Организирана активност на планот на оспособувањето на оваа популација во Републиката започнува уште во 1953 година кога група младинци започнува со изучување на столарскиот занает и килимарскиот занает. Основите на Центарот се поставени кога Главниот одбор на глувите на НРМ го формира „Нижето занатско училиште за глуви деца во стопанството” а целосен воспитно-образовен систем во Р. Македонија е воспоставен на 17.05.1955 година кога со Одлука на Извршниот совет на Народното собрание на НРМ е верифицирана дејноста на Центарот под име “Стручно занатско училиште со практична обука за глуви деца”. Изминатиов период се одликува како период на постојан подем, период на создавање на квалитетни услови за реализирање на содржините на дејноста, обезбедувајќи просторни услови, материјално-техничко опремување, обезбедување на современи нагледни-дидактички средства, технички апарати и помагала што е од особена важност за оваа категорија ученици.
Во текот на своето скоро пет и пол децениско постоење Центарот секогаш во прв план ја имаше и понатаму ќе ја има заложбата максимално да одговори на потребите на општеството образувајќи, воспитувајќи и рехабилитирајќи квалитетни кадри во струките и занимањата што ги изучувале.
Активностите поврзани со обидите за подобрување на квалитетот на наставата, стручно и професионално усовршување на наставниците, како и развојот на училиштето воопшто. Проектните активности ќе имаат примарно значење во работата на училиштето.
КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ - Овој проект на Владата на Република Македонија е во тек
Од оваа учебна година Центарот ќе земе учество во проектот ,,Еко – училиште“ во чии рамки се предвидени неколку активности. Постапките со кои ќе се реализираат активностите подразбираат вклучување на сите расположливи ресурси на Училиштето (ученици, наставници, родители, педагошко-психолошка служба, технички персонал), како и соработка со локалната власт и бизнис-заедницата.
За реализацијата на оваа програма со одлука на Наставнички совет формиран е Еко-одбор кој ќе ги утврдува и интегрира активностите на сите вклучени фактори за реализација на оваа програма. Целта на имплементацијата на оваа програма е подигнување на свеста за животната средина, нејзино одржување, заштита и развој. Воспитно- образовните аспекти на оваа програма се однесуваат на мотивација за разновидни истражувања и реализирање на активности во наставата, со кои ќе се обезбеди позитивно влијание врз животната средина. Наставните активности ќе бидат поврзани со вклучување еко-теми во наставната програма по сите наставни предмети (утврдени со наставните планови), со следење и евалуација на постигнатите резултати, чија крајна цел ќе биде утврдување Еко-кодекс, кој ќе значи потврда и примена на поставените задачи и реализирани цел.
Продолжуваат активностите со Асоцијацијата на наставници кои работат со глуви ученици, The European Federation of Associations of Teachers of the Deaf (FEAPDA). Во месец октомври во Луксембург ќе се одржи состанок на Советот на здружението на кое ќе присуствува директорот на Центарот Блаже Митев
Потпишан е нов меморандум за соработка на годишно ниво со Детскиот театарски центар од Скопје, со што продолжуваат работилниците на кои учениците и подготовки за учество на регионалниот фестивал за глуви лица
Соработка со Национална агенција за европски образовни програми и мобилности и аплицирање за програмите: Комениус, Леонардо да Винчи, Е-твининг
Учество на натпреварите во организација на МАССУМ (Асоцијација на средни стручни училишта во РМ).
Проектот „Ние го знаеме јазикот на знаци, а Вие?“ со средното медицинско училиште „д-р.Панче Караѓозов“Скопје, како и со други средни училишта продолжува и во текот на оваа учебна година.
Летниот период е резервиран за проектот „Летен камп“.
За наставниците и воспитувачите ќе се продолжи со обука за знаковен јазик.
Инвентивноста и креативноста на кадарот ќе реализира и други проекти кои тековно ќе се појават.