Адреса: с.Ростуше, |
Општина Маврово и Ростуша се наоѓа во западниот дел на Р.Македонија со седиште во с.Ростуше и зафаќа површина од 682 км2, со население од 8618 жители кои живеат во 42 населени места.
Според Законот за локална самоуправа(Сл.весник на Р.М. бр.5/2002 година) надлежности на општината се:
-Убанистичко(рурално) планирање; кое подразбира издавање на одобрение за градби од локално значење, изработка на урбанистичко-планска документација за населени места, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште,
-Заштита на животна срединаи природа – презема мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и почвата со издавање на посебни дозволи за вршење на одредени дејности ,
– Локален економски развој и туризам; планирање, водење на локална економска политика, поддршка и развој на мали и средни претпријатија со превземање на конкретни активности за подобривање на локалната бизнис клима и афирмирање на локалните мали и сдрени претпријатија и туристичките работници,
– Комунални дејности – снабдување со вода за пиење , одведување и пречистување на отпадните води, одржување и изградба на јавно осветлување, одржување, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, регулација на речни корита, уредување на просторот за паркирање, одржување на локланите патишта во зимски услови, отстранување на снег и слично,
– Култура – негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности специфични за реканскиот и мавровскиот крај и организиарањње на поголем број културни манифестации,
– Спорт и рекреација – организирање на масовни спортски натпревари и манифестации,
-Образование – основање, финансирање и администрирање на основни училишта и средно општинско училиште,
-Здраствена заштита – застапенсот на преставници од локалната самоуправа во управни одбори
здраствени установи,
-Спроведување на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од природни непогоди и други несакани последици,
-Противпожарна заштита на волонтерска основа
-Финансиски и административни активности на општината: администирање и наплата на локлани даноци и такси, изработка и реализација на Буџет на општината, водење на седници на советот на општината.