Адреса: ул. Мануш Турновски бр. 13А, |
Општина Ново Село — рурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Ново Село. Општина Ново село, според пописот од 2002 година, има вкупно население од 11.567 жители. Општината опфаќа 16 населени места, и тоа: Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово, Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Населението е воглавно составено од Македонци со густина на население од 48,64 жители на километар квадратен.