log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Општина Крушево



opstinakrusevo1 

Адреса: Никола Ѓурковиќ бб
Крушево, Македонија
Телефон:+389 48 477 061; +389 48 477 046
Е-маил: opstinakrusevo@krusevo.gov.mk
web    

      ОПИС                

Општина Крушево — општина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Крушево. Општината Крушево се простира на југозападниот дел од Македонија. Во рамките на Општината, градот Крушево има централна местоположба и претставува административен, економски и културен центар. Нејзини соседни општини се Кривогаштани и Долнени на исток, Македонски Брод и Пласница на север, Другово на запад, Демир Хисар на југо-запад и Могила на југ. Општината и градот Крушево сообраќајно се поврзани сорегионалните патни правци Р 516 (Прилеп (врска со Р 526)-Крушево-Сладуево (врска со Р-416)) и Р 517 (Крушево (врска со Р516)- Пуста Река- Цер (Прострање) (врска со Р 416)), кои се надоврзуваат на магистралните патни правци М4 и М5.
Општина Крушево е сместена во претежно ридско-планинско подрачје на надморска височина од 600 до 1800 м. Општината ги опфаќа јужните ограноци на Бушова Планина, дел од Древеничката Планина и дел од пелагониското поле со рамничарскиот дел на Црна Река. Највисока кота на Крушевската Планина и ограноците на Бушовата Планина е врвот Голоманец 1664 м. Градот Крушево се наога на 1350 м надморска височина, додека целото подрачје, северно и северозападно од Крушево, се простира на надморска височина од 1500 до 1700 м.

Од јужните делови на Крушевската планина извираат реките Жаба и Журешница, кои придонесуваат планината во тој дел да се одликува со
длабоки долови и повремени водотеци. Бушова планина има меридијански правец на простирање, која од врвот Мусица 1791 м на запад се поврзува со планината Козјак 1762 м и продолжува на запад, поврзувајќи се со планината Баба Сач 1747 м. На североисток, планината се поврзува преку преслапот Барбарас, со планината Јакупица. На југ постои мала врска со Древеничката планина, преку која географски се надоврзува со Бигла. Општината Крушево зафаќа мал дел и од пелагониското, т.е прилепското поле, кое се простира од коритото на Црна река до Саждево.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Општина Крушево

     МАПА