log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Општина Струмица

strumicalogo 

Адреса: Сандо Масев бр.1
Струмица, Македонија
Телефон: +389 34 348030
Е-маил: info@strumica.gov.mk
web    fbfb

      ОПИС                

Општина Струмица — општина во наоѓа на западниот и централниот дел од Струмичкиот регион, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општина Босилово, на запад со Општина Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54.676 жители.

Струмичкиот регион се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија на 41°22' СГШ и 23°45' ИГД и располага со површина од 963 км2. Синорот од југ граничи со Република Грција, а од исток со Република Бугарија. Разврстен е во јужно-медитеранскиот подреон, под таканаречениот индустриски микро-реон. Го сочинуваат 72 населени места, со вкупно 92.625 жители. Според површината и бројот на населението, регионот има средна големина во земјата. Но неговиот низински дел е најгусто населено подрачје, во Македонија. Живеат над 100 жители на квадратен километар. Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км2, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Оградена е со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од котлината е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорот и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Општина Струмица

     МАПА