|
Адреса: ул. Рекреативен центар б.б |
Локалната власт во Сарај и неговата околина
Формата на административна организација во Сарај и неговата околина датира од времето на Отоманската империја. Врз основа на документите од патописот на Евлија Челебија, формата на административна организација била Санџак. Хусеин Шаху, градителот на старата џамија (1553), е првиот санџак-бег, кој е познат како највисок функционер на османлиската влада.
За време на владеењето на Кралството Југославија облици на локална самоуправа биле Општините.Такви биле општина Шишова и општина Чајлана. Формата на организација на локалната самоуправа во периодот на поранешна Југославија до 1996 година била Општината Карпош и за кратко време територијата е под локална управа на општина Ѓорче Петров.
Органи на локалната самоуправа беа Месните заедници.
Општина Сарај и Општина Кондова се основани со Законот за локална самоуправа во 1996 година согласно Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија (Сл. весник на Р.М. бр. 55/04, член 10 Општина Сарај заедно со поранешната општина Кондово претставува нова единица на локална самоуправа во состав на Град Скопје како една од 10-те (десетте) градски општини.
Општина Сарај согласно новиот Закон опфаќа територија од 241 км2 и брои 35.751 жител. Тука живее главно албанско население, но таму живеат и Македонци, Босанци, Роми и други со неутврден број.
Населените места на општина Сарај се: Горна Арнаќија, Долна Арнаќија, Бојане, Буковиќе, Дворце, Глумово, Герчец,Долно Свиларе, Горно Свиларе, Радуша, Рудник-Радуша, Раче, Копаница, Крушопек, Кондово, Сарај, Долни Лубин, Горни Лубин, Чајлане, Паничари, Раовиќ, Горна Матка, Долна Матка, Шишово, Ласкарци и Љока.
Територијата на Општината е ридско – планинска со можности за развој на дневен туризам, мало стопанство, занаетчиство, земјоделство, сточарство, рударство и други преработувачки дејности.
Знаменитости на општина Сарај се: старата џамија Хусеин Шах во центарот на Сарај, Манастирот Света Богородица, Рекреативниот центар Сарај, езерото Треска, кањонот Матка и Коридорот 8.