log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Општина Кочани


opstina kocani 
Адреса: Раде Кратовче, бр.1
Кочани, Македонија
Телефон: +389 33 274 001
Е-маил: info@kocani.gov.mk
web: www.kocani.gov.mk

      ОПИС                

Поради поволната географска местоположба и одличните природни карактеристики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пајонците, Медите и Траките, а во 80-те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените. До VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа.

Браќата Кирил и Mетодиј, основоположниците на словенската писменост од 845- 855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвиз) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.

Иако населбата постои од порано, името Кочани во пишан документ за првпат се среќава од 1337 година. Од крајот на XIV век Кочани е под османлиска власт. Патеписецот Евлија Челебија во 1662 година зборува за населба од 600 куќи и 15 дуќани. Во овој период, поточно во 1670 година дошло до големо насилно потурчување на македонското население. Тоа го извршил великиот везир Мехмед Ќуприли. Тогаш Кочани примило турска физиономија. Биле изградени доста кули (тврдини) кои служеле како набљудувачки стражарски места, бидејќи од самиот град во котлината не можело да се види што се случува во околината. Во тој период е лоцирана и изградбата на средновековните кули во Кочани кои имале станбено-одбранбена функција. Едната имала намена на саат-кула и звучно го означувала времето.

Кочани и околината останале со мнозинско турско население сe до XIX век, кога дошло до обратен процес – емигрирање на турското население во својата матична земја.

Градот растел во XVIII, XIX и особено во XX век, по завршувањерто на изградбата на железничката пруга во 1926 година, што придонело за подобрување на транспортните врски со останатиот дел од државата.

СООБРАЌАЈНА ПОВРЗАНОСТ

Низ општина Кочани поминува магистрална сообраќајница со која таа се поврзува со Штип (30 км) и Велес (70), а потоа излегува на автопатот Скопје- Гевгелија, односно со оваа сообраќајница Кочани е поврзан со централна Македонија.

Кочани е крстосница на повеќе регионални сообраќајници, со кои се поврзува со најблиските градови, на исток е поврзан со Виница(10 км), Македонска Каменица (30 км), Делчево (55 км), Берово (60 км), Бугарска граница (65 км), а на запад е поврзан со Пробиштип(36 км) и Кратово (48 км).

Сообраќајно значење има и постоечката железница која е изградена 1926 год. Преку оваа железничка линија Кочани е поврзан со Штип- Велес- Скопје.

Сообраќајната инфраструктура е следната: 26 села или 60,5% се поврзани со магистралниот пат преку регионални и локални асфалтни патишта. Останатите 17 села или 39,5% се поврзани со земјани или шумски патишта. Во рамничарските и рамничарско-ридските села постои современа мрежа на улици, додека во останатите тоа не е присутно.

 

    ГАЛЕРИЈА           

Општина Кочани

     МАПА