Фабриката се простира на 1.100 квадратни метри кои се користат за производство, складишниот простор се простира на 400 м2 и двор од 5000 квадратни метри.
Компанијата е основана врз основа на долгорочното искуство во конзервната индустрија. Местоположбата нуди голем асортиман на земјоделски производи со одлична репутација и се добро познати поради високиот квалитет кој се должи на единствените климатски услови, неиндустријалинизираниот начин на производство и големиот број сончеви денови.
Од таа причина за нашите преработени производи обезбедуваме висококвалитетна суровина. За да се обезбедат доволни количини на земјоделски суровини за нашиот преработувачки капацитет, компанијата координира и раководи со производството на повеќепроизводни површини во близина на преработувачкиот капацитет во радиус од 20 – 30 км.
СА-МО БИОНАТУРА ДООЕЛ константно инвестира во развој на нови производи и подобрување на самите производи со цел да се задоволат и најпребирливите потрошувачи. Развојот и производството на одредени производи произлегува по иницијација на самите потрошувачи.Секој производ пред почетокот на редовно производство се дегустира и коментира од страна на случајно избрани потрошувачи со цел да се добие реален впечаток и насока за подобрување на нашите производи.
Мотото на компанијата е константното подобрување и контролирање на квалитетот во производствените процеси и производи. Секој производ е подготвен со внимание и посветеност кон квалитетот и традицијата.