log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

ВЕЗЕ ШАРИ ДОО


vezesari 

Адреса: С.ТРЕБОШ бб
Телефон: 044 368 750
Е-маил:
info@vezesharri.com.mk

      ОПИС                

Компанија/основање и развој

14.000 м2 производствени погони и складишни објекти опремени со врвна технологија и опрема со потекло од Европските земји.

Пилиња

18 недели целосна грижа за 60.000 пилињата кои континуирано се одгледуваат.

Јајца 1
НАД 30 МИЛИОНИ ЈАЈЦА ГОДИШНО.

Јајца 2
80% од производството е наменето за домашниот пазар, а 20% се извезува на пазарите од регионот.

Месо 1 (Лекер погон)
Беспрекорна хигиена и строго дефинирани патишта на движење на суровината и готовите производи.

Месо 2Германски рецептури, комбинирани со домашните традиционални – прозизводи и подготовки од месо со врвен квалитет.

Живинарската фарма за производство на јајца ВЕЗЕ ШАРИ (Vezë Sharri) и фабриката за производство на производи и подготовки од живинско и говедско месо ЛЕКЕР (Lecker) се лоцирани во живописната и недопрена природа во околината на селото Требош, во една од најчистите еколошки средини во Македонија, под падините на Шар планина. Kомплексот е со вкупна површина од 35.000 м2, од кои 14.000 м2 отпаѓаат на индустриско - деловни објекти. Оваа инвестиција со германски капитал го стартуваше производството во мај 2002 година со високообразован и квалификуван кадар од 30 вработени, и со подршка од високореномирани странски експерти за ваков вид производство. Производната технологија и опрема е германска и претставува најсовремен модел во живинарското производство, што ја искачува оваа фарма на врвот на Европското производство. Имплементираниот HACCP систем гарантира беспрекорна здравствена безбедност во процесот на производство и заедно со добиениот сертификат ISO 22000:2018 обезбедуваат исполнување на стандардите за квалитет и начин на работа согласно највисоките светски стандарди за производство на храна.

Современата технологија и новиот производствен пристап резултира со исклучителен квалитет на јајцата, чиј бренд ја презема лидерската позиција на пазарот. Исто така примената на новите германски рецептури во комбинација со традиционалните домашни рецептури, понуди врвен квалитет на деликатесни производи и преработки од пилешко и говедско месо, кои го збогатија пазарот со нови вкусови.

35.000 м2 ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС, 14.000 м2 ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ И СКЛАДИШНИ ОБЈЕКТИ

ВРВНА ГЕРМАНСКА ТЕХНОЛОГИЈА И ОПРЕМА

ПИЛИЊА

- Еднодневни пилиња од увоз од Европските земји
- Целосно дигитализиран и автоматизиран процес за одржување на оптимални услови за раст и развој на пилињата во несилки;
- Директен 24 часовен надзор на ветеринарниот доктор од компанијата и континуирана контрола од страна на Ветеринарните институти во Скопје и Минхен;
- Сите програми за здравствена заштита и благосостојба на пилињата до почетокот на репродуктивниот период сe вршат под постојан надзор на доктори по ветеринарна медицина.

КОНТИНУИРАНО ОДГЛЕДУВАЊЕ НА 60.000 ПИЛИЊА

18 НЕДЕЛИ ЦЕЛОСНА ГРИЖА ЗА ПИЛИЊАТА

КОКОШКИ НЕСИЛКИ

- Несилките се сместени во целосно автоматизирана хала на 10 нивоа;
- Чистата шарпланинска вода и високо квалитетната храна добиена по германска рецептура, три пати дневно од силосите, автоматизирано и дигитализирано, се носи до несилките;
- Автоматизирано чистење, сушење и транспорт на отпадот;
- 12 анализи на крвта на несилките годишно;
- Зголемување на бројот на несилки од 30.000 во 2002 година до 120.000 несилки во 2007;

0Д 30000 НЕСИЛКИ ВО 2002 РАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА 120000 ВО 2007

ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ИСХРАНАТА И АМБИЕНТАЛНИТЕ УСЛОВИ

ЈАЈЦА

- Автоматски пренос на јајцето веднаш по снесувањето, преку транспортни ленти до местото на сортирање и пакување;
- Проверка на конзумните јајца за одстранување и на најмалите недостатоци;
- Автоматско компјутеризирано сортирање на јајцата по класи, во зависност од тежината, со најсовремена сортирачка со капацитет за класирање и сортирање од 54.000 парчиња јајца на час;
- Ласерско одбележување на секое јајце (со втиснување на логото, класата и датумот на производство) и автоматско пакување;
- Имплементиран HACCP систем за безбедност во производството на храната, во рамки на воведениот стандард ИСО 22000:2018;

80% ОД ПРОИЗВОДСТВОТО Е НАМЕНЕТО ЗА ДОМАШНИОТ ПАЗАР A 20 % СЕ ИЗВЕЗУВА НА ПАЗАРИTE ОД РЕГИОНОТ (ЕУ, ЦЕФТА и НАТО)

НАД 30 МИЛИОНИ ЈАЈЦА ГОДИШНО

ЈАЈЦА 2

- Специјални амбалажи од еколошки прифатливи суровини;
- Од 4.3 милиони конзумни јајца произведени во 2002 година, постојан раст на производството и тоа над 30 милиони јајца во 2007 година;

ПРОИЗВОДИ И ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

- Погонот за производство на производи и преработки од месо преставува најсовремена инвестиција, започнато е со изградба во 2005 година, а со производство започнува во Јануари 2007 година;
- Капацитетот на погонот за производство е 5 тони производи и преработки од пилешко и говедско месо на ден,
- Производи добиени од домашно пилешко и говедско месо;
- Имплементиран HACCP систем за безбедност во производството на храната, во рамки на воведениот стандард ИСО 22000:2018;

МЕСО 2

- Централен дигитализиран систем за регулација и мониторинг на процесот на производство;
- Германска линија и технолошки процес на производство;
- Климатизиран затворен систем со централна и дигитална регулација на параметрите на воздухот согласно потребите на производниот процес;
- Палета на производи и вкусови од пилешко и говедско месо и нови ексклузивни производи според Германска рецептура;

ПРОИЗВОДИ ОД ПИЛЕШКО МЕСО

Eкстра Салама, екстра салама со маслинки, печурки и пиперки, пилешка виршла, димен пилешки деликатес, шунка од пилешки гради, пилешка чајна, пилешки кулен.

ПРОИЗВОДИ ОД ГОВЕДСКО МЕСО

Димено говедско месо, димен говедски деликатес, Екстра говедска салама, говедска мортадела, говедски суџук и Говедска чајна.

ПОДГОТОВКИ ОД МЕСО

Говедски донер, Пилешко Гиро, Ќофте, Плескавица

КАТЕГОРИИ НА ЈАЈЦА: S (≤ 53 гр); М (53 – 63 гр); L (63 – 73 гр); XL (73 – 83 гр); и XXL (> 83 гр).

    ГАЛЕРИЈА           

 Наскоро повеќе фотографии

     МАПА